На новинарското прашање дали ексминистерката Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков имаат обезбедување од МВР подолго од законскиот рок, министерот за внатрешни работи дипломатски одговори:
– Има поранешни државни функционери кои имаат обезбедување поради безбедносни проценки на МВР за нивниот живот. МВР проценува за кого треба заштита, без разлика дали е сегашен или поранешен функционер – рече Митко Чавков.
Чавков тврди дека поранешни функционери имале закани по живот, но не ги открива имињата на загрозените, ниту открива дали заканите се од домашен или странски фактор.
Инаку, Владата пред една недела ја смени уредбата за заштита на функционери, со кој не е одреден временски рок. Претходно државните функционери имаа право на полициска заштита до една година по престанокот на функцијата, а со измените сега ќе имаат право на обезбедување се дури се во опасност.