Втора пауза на лидерската средба за меѓупартиски консултации

by fokus

Средбата меѓу претседателите на четирите најголеми политички партии трае веќе три часа. Лидерите веќе зедоа и втора пауза, која ја користат за меѓупартиски консултации.

Потписниците на Пржино, денеска треба да констатираат дали се исполнети условите за одржување на фер избори и доколку се, да дефинираат датум.

Инаку, средбата на која присуствува и амбасадорот на САД, Џес Бејли, и двајца претставници на Делегацијата на ЕУ, почна со 40 минути доцнење, бидејќи толку доцнеше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Поврзани новости