Екс директорот на ЕЛЕМ на суд за „Тарифа“

by fokus 08:28
08:28

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО, во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште други две лица.

Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

- Advertisements -

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП Систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Поврзани новости