Екс директорката Марија Хаџи-Лега ја тужи Клиниката за Гинекологија затоа што не станала началник на Одделот за патолошка бременост

by Fokus

Поранешната директорка на скопската Клиника за Гинекологија, Марија Хаџи-Лега ја тужи клиниката со која директоруваше во последните пет години, дознава „Фокус“ од болнички извори.

Според нашите информации, екс директорката поднела тужба поради тоа што откако го напуштила директорското столче не го добила адекватното работно место на клиниката. Нашите извори тврдат дека Хаџи-Лега сакала да остане началник на Одделот за патолошка бременост, функција која од 2013 година ја извршувала истовремено со директорската позиција.

Понатаму, нашите извори додаваат дека таа откако била сменета од директорската фотеља, од актуелната директорка Викторија Јовановска била поставена како лекар во Одделот за патолошка бременост, по што таа одлучила да поднесе тужба против клиниката, поради несоодветното работно место што го добила.

Хаџи-Лега од 10 септември останува на боледување, а на своето работно место треба да се врати на 6 ноември.

„Фокус“ стапи во контакт и со новата директорка, доктор Јовановска која ги потврди нашите информации дека поранешната директорка ја тужи клиниката и дека кога ќе се врати на работа, ќе работи како лекар на Одделот за патолошка бременост.

И.М.

Поврзани новости