391
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против М.К.(37) од Струга, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според информациите од полицијата, пријавениот во својство на директор на ОУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани спротивно на законските прописи и договорот склучен со „Просветно дело“ АД Скопје во период од 01.02. до 10.06.2016 година побарал од одделенските наставници да му ги предадат паричните средства собрани од учениците за списанија кои не ги уплатил на жиро сметка на издавачот со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 24.920 денари.