Од Еко Герила информираат дека во периодот кога фабриката „Југохром“ не работела, воздухот во тетово бил помалку загаден и тоа за 50 проценти.
-Во текот на месец февруари 2017 година просечното загадување на воздухот во Тетово се намали уште повеќе во однос на јануари 2017 година, но и во однос на загадувањеата во текот на месец февруари во изминатите години. Поконкретно, во просек загадувањето на воздухот во месец февруари 2017 година изнесува 93,18. Во табелите е покажано како беше во месец февруари во последниве години, кога Југохром работел и кога неработел. Уште еднаш се докажува дека Југохром е најголемиот загадувач во Полошкиот регион и дека работата на ова фабрика без филтри е штетно за здравјето на стотици илјади жители на регионот. Без Југохром Тетово резултира со 50 % пониско загадување, велат од Еко Герила
.