Екипата на НОВАТВ денеска напладне била нападната од непознато лице додека снимале на локација кај ТЦ Бисер во скопската населба Аердором каде се собираат потписи против наводната изградба на мигрантски кампови, пренесоа на нивниот портал.
Според нивниот репортер Сашка Цветковска, истото лице, на околу 30 години во зелена маичка, прво ја нападнало неа додека снимала со мобилен телефон, неколкупати и ја свиткал раката и барал да престане со снимањето. Откако дошол и снимателот на НОВАТВ кој снимал претходно на друга локација, истиот човек, прво разговарал со девојката, која во изјава за НОВАТВ изјавува дека е организатор, дека е од општина Аеродром и член на ВМРО ДПМНЕ, по што ја удрил камерата и го нападнал и снимателот.
Вториот напад се случил во ТЦ Бисер, на место за кое напаѓачот проценил дека е безбедно и дека никој нема да го види. Но има сведоци на настанот кои најавуваат дека ќе сведочат за нападот.