ЕК: Усвојувањето на Законот за амнестија е важен чекор за надминување на болната поларизација

by fokus

Европската комисија денеска го поздрави усвојувањето на Законот за амнестија за настаните во Собранието на Македонија на 27 април минатата година, оценувајќи го како можност за помирување на опшеството.

– Одлуката на Собранието да го усвои Законот за амнестија со големо мнозинство е важен чекор кон помирување на општеството и за надминување на болната поларизација. Овој процес е клучен за градење национален консензус за стратегиските прашања во интерес на земјата. ЕУ очекува усвоениот закон да не се меша во независноста на судството, кое самостојно треба да одлучи за тоа кој се бил вклучен во организирањето и извршувањето насилства, како и за тоа кој не ги исполнил своите службени обврски на 27 април 2017 година, се наведува во пишаната изјава на портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчиќ.

Поврзани новости