ЕК: Треба уште работа за фер избори

by Фокус

Портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан, денеска за изборите закажани за петти јуни изјави дека напредок има, но уште повеќе треба да се направи за да можат изборите да бидат според меѓународните стандарди и да бидат кредибилни.

-Во Македонија има политичка криза која ние ја олеснуваме со партнерите во земјата а во интерес на земјата, и пред се на граѓаните, е ова да биде решено и се надеваме дека партиите ќе останат посветени на оваа цел и она што беше договорено во Пржино во однос на изборите но исто така во однос на реформските приоритети кои, повторувам, се во интерес на земјата и нејзиниот народ, рече портпаролката.

Поврзани новости