Вељаноски: Избори на петти јуни, една недела плус за Избирачкиот список

by Фокус

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска соопшти дека одлуката за распишување на избори ќе ја потпише на 15 април, а изборите ќе се одржат на петти јуни.

-Согласно одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас како претседател на Собранието, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување на избори, одлучив Решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а изборите да се одржат на 5 јуни 2016 година, со единствена цел да се обезбедат услови за фер и демократски  избори, вели во писменото соопштение до медиумите од Вељаноски.

Тој апелира до институциите и до политичките субјекти, да го дадат својот придонес за претстојните предвремени парламентарни избори да поминат во фер и демократска атмосфера со што, како што додава „уште еднаш ќе потврдиме дека ги почитуваме и споделуваме европските вредности“.

Поврзани новости