Груевски: Бог нека биде со нас во секое дело што го правиме

by Фокус

Премиерот Никола Груевски во својата божиќна честитка до поглаварот на Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија, г.г Стефан и до сите православни христијани порача дека обединети сме силни, а единството дава можност за напредок.

-Вербата во Бога и понатаму нека нè води на нашиот заеднички пат, уште повеќе нека нè зближи во нашата соработка и взаемно почитување, нека ни даде сила и поткрепа да ги умножиме причините кои нè соединуваат и да ги надминеме препреките пред кои е исправена нашата татковина. Нека Бог биде со нас во секоја радост, болка или тага, нека биде со нас во секое дело кое го правиме, во секој дом и семејство, вели Груевски во честитката.

Тој додаде дека е убеден дека„ народот, подобро од кој било друг ги препознава вредностите кои нè обединуваат и дека заедно со многу труд и работа ќе направиме уште повеќе за нашата држава, за нови успеси, за подобар животен стандард, за нови радости и заеднички напредоци“.

Поврзани новости