Европската комисија денеска ги повика политичките партии во Македонија да се заложат докрај да се спроведе договорот од Пржино, а портпаролка на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, Маја Коцијанчич не прецизираше кога ќе биде објавен извештајот, но рече дека во него ќе се најде и имплементацијата на договорот.
-Комисијата во претстојниот извештај ќе извести за имплементацијата на политичкиот договор и за сите реформи што се поврзани со ЕУ, особено за приоритетните реформи што беа презентирани во јуни. Извештајот за напредокот ќе биде наскоро објавен, рече Коцијанчич.
Таа ги охрабри партиите да ги направат сите преостанати неопходни чекори во однос на имплементирање на обврските од Договорот од 2 јуни и од 15 јули., а тоа е особено важно во однос на претстојниот извештај за напредокот на Македонија.