ЕК прогнозира: Србија и Црна Гора ќе влезат во ЕУ до 2025 година

by fokus

Србија и Црна Гора е можно да станат членки на ЕУ до 2025 година, а други четири држави да бидат длабоко во пристапниот процес, стои во Документот насловен „Кредибилна европска перспектива за Западен Балкан“  подготвен од Европската комисија.

Според овој Документ, доколку до 2019 година Србија и Црна Гора ги исполнат критериумите за владеење на правото, што подразбира сериозна посветеност со соочување со реформските предизвици, тие може да станат полноправни членки до крајот на 2025 година.

ЕК прогнозира дека во 2019 година Косово и Србија ќе постигнат севкупна нормализација на односите, а истата година ќе биде важна и за Албанија и за Македонија кои треба да ги отворат пристапните преговори со Брисел, додека Босна и Херцеговина тогаш ќе добие кандидатски статус.

 

Поврзани новости