– Комисијата ја повторува клучната важност на слободата на мирен протест и здружување како што стои во Европската конвенција за човекови права. Тоа мора да бидат основни вредности на функционална демократија. Ја повторуваме потребата да се избегне употребата на диспропорционална сила од полицијата, изјави денеска портпаролката на Европската комисја, Маја Коцијанчич.
Таа додаде дека ЕУ би сакала да потсети дека од политичките актери се очекува веднаш да преземат акции за наоѓање издржливо решение за политичката криза, вклучително преку конструктивно ангажирање за рестартирање на соодветен политички дијалог и да се врати довербата во институциите.
-Европската унија жали поради повредите со кои се здобија демонстрантите и припадниците на безбедносните сили и изразува длабока загриженост за ситуацијата во земјата, рече Коцијанчич.