Европската комисија повеќе нема да купува векторски вакцини произведени од Астра Зенека и Џонсон и Џонсон, и во иднина ќе се потпира на вакцините развиени врз основа на информациона РНК (mRNA) произведени од Бионтек/Фајзер, Модерна и КјурВак, соопшти изјави европарламентарецот Петер Лизе од редовите на германската ЦДУ.
Лизе денеска рече дека ги добил тие информации од Европската Комисија. Според оваа информација, Еврокомисијата сака да купи 900 милиони дози вакцини засновани врз информациони РНК за 2022 и 2023 година и нема да ги продолжи договорите со други производители на вакцини.
„Векторските вакцини на Џонсон и Џонсон и Астра Зенека се добри вакцини и треба да ги користиме за да ја ставиме пандемијата под контрола до лето …. но иднината припаѓа на вакцините направени на основа на информациона РНК, кои очигледно се поефикасни од векторските и се чини дека имаат помалку несакани ефекти, рече тој. Лизе е лекар по професија, кој во Европската народна партија е одговорен за прашања од областа на здравството .
Вакцините направени врз основа на информациона РНК содржат „упатства“ за создавање на протеински шилец кој предизвикува Ковид-19 „спакуван“ во липид. Врз основа на овие упатства, самите телесни клетки можат да го произведат тој протеин кој е единствен за тој коронавирус. Имунолошкиот систем на човекот препознава дека овој уникатен протеин не треба да биде во организмот и реагира така што природно се брани од инфекција со Ковид-19 преку создавање антитела.
Вакцините против вирусни вектори користат ослабен и безопасен вирус кој пренесува генетски информации за формирање на протеински шила на коранавирус.