464
Македонија ќе добие од Европската комисија 53 015 968 евра кои се за реализација на три нови проекти. Ова попладнево на својот Фејсбук профил го објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Како што истакна тој, средствата се за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.
Во планот предвидено е реновирање на шест хидроцентрали, изградба на ветерен парк во Богданци, како и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен регион, во соработка со Европската банка за обнова и развој.