635
На денешната прес конференција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи информираше дека Европската комисија ќе набавува гас за Македонија, колку што тоа ќе биде потребно.
„Европскиот совет донесе одлука за колективна набавка на гас и други извори на енергија во име на земјите-членки. Важно е што земјите од Западен Балкан за првпат се вклучени рамноправно во овој механизам за набавка на гас и нафта. Сега ЕУ се поставува како што треба и сме рамноправно вклучени. ЕК ќе набави колку што ние имаме потреба, рече Османи.