503
Европската комисија денеска ги повика мигрантите, кои се собрани кај Идомени да се преместат во законските бегалски кампови низ Грција.
По вчерашните инциденти, и денеска околу 200 бегалци повторно се собираат пред заштитната ограда на македонско-грчката граница.
Дел од нив се качени на железнички товарен вагон, а поголемиот број ги имаат опколено трите полициски автобуси кои се поставени како барикада крај пругата.