ЕК чека детали по изјавата на член на ЕМА дека постои поврзаност меѓу вакцината на АстраЗенека и случаите со згрутчување на крвта

by fokus

Член на Европската агенција на лекови (ЕМА) за италијанскиот весник „Ил Месенџеро“ потврди дека постои поврзаност меѓу вакцината на Астра Зенека и случаите со згрутчување на крвта, но Европската Комисија чека повеќе детали, јави дописничката на МИА од Брисел.

Марко Кавалери, шеф на вакцинацијата во Европската агенција за лекови, изјави за весникот дека е утврдена поврзаност со вакцината на Астра Зенека, но дека сѐ уште не е јасно на што се должи таа поврзаност и како се случува. Агенцијата продолжува да истражува, изјави тој.

На редовниот брифинг на Европската Комисија попладнево, портпаролот за здравство, Стефан Де Керсмакер, изјави дека е запознаен со интервјуто на Кавалери.

– Оваа поврзаност е во тек на истражување од страна на Европската агенција на лекови, минатата недела имаше соопштение, оваа недела ќе се одржи комитет и агенцијата продолжува да го анализира прашањето и чекаме да се произнесат за евентуалната поврзаност, изјави портпаролот.

Европската Комисија ја охрабрува ЕМА да биде достапна и транспарентна пред медиумите и граѓаните. МИА

Поврзани новости