Јакимовски, Пешовски, Маџовски и Јосифовска осомничени за проневера на пари од „Спец касата“ на УБК

by fokus

Освен Тони Јакимовски, попладнево упасени се и Петре Пешовски, Стево Маџовски и Кристина Јосифовска кои исто така работеле во УБК, а според Обвинителството за организиран криминал се осомничени за проневера на 824 илјади евра, дознава Фокус од извори од истрагата.

Овие пари за кои постои сомнеж дека биле проневерни биле дел од таканаречената „Спец каса“ на УБК во која, според наши информации, имало пари кои се давале за оперативни акции, што може да подразбира и плаќање на соработници и доушници на УБК.

Осомничените се товарат дека во период од 10 години проневериле 824 илјади евра.

В.В.

Поврзани новости