Јанакиески и Јанкулоска биле жртви на масовното прислушување:Не можете да не осудите врз основа на материјали кои грубо ги кршат нашите човекови права!

by fokus

Не можеме да бидеме осудени врз основа на материјали кои произлегуваат од грубо кршење на нашите човекови права. Ова денеска на судењето за случајот Титаник го истакнаа екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кои се повикаа на праксата на Судот за човекови права во Стразбур. Според нив со масовното прислушувањ во УБК тие се оштетени странки.

Тие побараа и да се изврши автентичност на приложените бомби како докази.

-Немаме гаранција за потеклото и досегашното ракување со материјалите кои произлегуваат со грубо кршење на човековите права преку незаконско долгогодишно следење на комуникациите. Се наметнува потребата за идентификација на сите активности околу бомбите, истакна Јанакиески.

Поврзани новости