Eдношалтерски систем во царината и признавање на кантарските белешки со Србија, најави Богоев

by Фокус

Продолжуваме со една иницијатива – признавање на т.н. кантарски белешки со Србија, што значи при влез кај нас од Србија или влез во Србија, а излез од кај нас, да има едно мерење на вагата да имаат товарните возила, вели директорот на Царинската управа Стефан Богоев.

-Ако мерела македонска царина, таа белешка е прифатлива и за Србија и обратно. Така камионот нема да оди два пати на мерење со што се заштедува време за патниците за увозниците и увозниците. Од друга страна работиме на развивање и на новиот едношалтерски систем. Тие што се бават со оваа проблематика го знаат ексим системот кој постои и вклучува 16 институции за размена на податоци, сега го разгледуваме ‘њу сингл виндоу’ – нов едношалтерски национален систем кој ќе овозможи на едно место компаниите да ги вадат сите дозволи што им се потребни – рече Богоев за Фронтлајн.

Поврзани новости