604
Бебе на возраст од околу еден месец починало во домот во Шуто Оризари, информираат од министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, вчера во 10.00 часот било пријавено дека во дом на подрачјето на Шуто Оризари има починато бебе на возраст од околу еден месец. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.
Засега не е познатa причината за смртта на бебето.