139
Едно лице почина, а друго се бори за живот во несреќа што се случила попладнето во лифт во угостителски објект во Штип.
Од СВР Штип ја потврдија несреќата и рекоа дека е направен увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.
Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.