66
Тешко повреден гостиварец во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Гостивар – с.Градец.
Според информациите, сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко моторно возило „мицубиши“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(44) од с.Врапчиште, гостиварско и патничко моторно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.С.(63) од с.Топлица, гостиварско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.С., констатирани во болницата во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Гостивар.