410
Една жена е убиена, а двајца мажи биле тешко ранети денеска од гранатирање додека се обидувале да преминат преку импровизираниот мост од Бахмут, според украинските војници кои им помагале.
Претставник на украинската армија, кој побара да остане анонимен од оперативни причини, изјави за Асошиетед прес (АП) дека сега е премногу опасно за цивилите да го напуштат градот со возила и дека луѓето наместо тоа мора да бегаат пешки.
Тим на АП во близина на Бахмут виде понтонски мост поставен од украинските војници за да им помогне на неколкуте преостанати жители на градот да стигнат до блиското село Хромове. Подоцна, тие виделе најмалку пет куќи во пламен како резултат на нападите во Хромове.