Една година и осум месеци затвор за сопственикот на “Беса транс”

by fokus

Една година и осум месеци затвор доби Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс“ за кривично дело фалсификување исправа.

Правното лице пак доби забрана за меѓународен сообраќај во траење од четири години.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Судењето не е за причините за несреќата во која загинаа 45 македонски државјани во Бугарија, кој бугарското обвинителство го зарвори како несррќен случај односно грешка на возачот.

Поврзани новости