Единствената партија на Македонците во Албанијa не успеа да обезбеди пратенички мандат

by Fokus

Единствената партија на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) не успеа да обезбеди пратенички мандат и во новиот албански парламент.

Македонската партија, на изборите беше во коалиција со Движењето за социјалистичка интеграција, ЛСИ, чиј поранешен лидер е ново избраниот претседател Илир Мета. Единствен кандидат беше Васил Стерјовски, генерален секретар на партијата и познат активист за правата на Македонците, кој беше на кандидатската листа на ЛСИ во изборна единица Корча.

Поврзани новости