Единствена Македонија на Јанко Бачев оддржала седница на Централниот комитет, на кој била потврдена одлуката за исклучување на довчерашниот потпретседател Стефан Влахов Мицов поради, како што соопштија од партијата, соработка со македонската тајна служба за растурање на партијата и смислено растурање на договорот за заедничко референдумско настапување со Глас за Македонија, Трета македонска партија и Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај тоа, од партијата во обвинија Влахов Мицов за прикривање и присвојување на парични средства од Австралија кои биле пуштени на негова сметка за целите на референдумската кампања и оцрнување на идејата за сојуз со Русија.
„На средбите по комитетите и со граѓаните смислено даваше манипулативни очекувања дека набргу ќе дојдат руските тенкови и авиони кои биле во Србија, ќе дојдат многу пари од Русија, ќе дојдат околу 10.000 илјади доброволци од Русија кои биле на боиштата во Украина и ќе прават преврат и слични небулози, се залагаше партијата да не ги подржува и да не излегува на протестите пред Собранието во месец јуни, да се чека до септември кога ќе започнала Третата светска војна, но, септември дојде и помина“, стои во партиското соопштение.