Го извадиле од ресторан и го претепале четворица, еден го удирал со рачка од пиштол

by Фокус

Прилепчанецот Г.Н вчера навечер во полиција пријавил дека во ресторан во Прилеп неговиот брат Ј.Н.(39) физички бил нападнат од лицата П.А., З.Н. и Д.А..

Според пријавеното, додека Ј.Н. седел во ресторанот со неговата девојка и уште неколку лица, влегол П.А. и го повикал да излезат надвор.

„Откако излегле надвор, Д.А. со рачка од пиштол почнал да го удира Ј.Н., по што се приклучиле и З.Н. и П.А.. Ј.Н. побарал лекарска помош во Општа болница Прилеп“, соопшти МВР.

Поврзани новости