Единствена Македонија утре ќе му испрати предупредувачко писмо на Ципрас

by fokus

Партијата Единствена Македонија вечерва најави дека утре во грчката амбасада ќе достави писмо до грчкиот премиер Алексис Ципрас во кое ќе му укаже зошто не треба да „влегува во авантура со Заев во Софија за промена на името и идентитетот“.

-Единствена Македонија на 15 мај 2018 (вторник) во грчката амбасада во Скопје ќе го предаде писмото до грчкиот премиер Алексис Ципрас за причините зошто не треба да влегува во авантура со Зоран Заев на средбата во Софија за некаков договор за промена името и идентитетот. Изјава на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев пред грчката амбасада во 13 ч. каде ќе биде споделено писмото до медиумите кое по дипломатски пат преку грчката амбасада се доставува до Ципрас, се вели во соопштението од партијата.

Поврзани новости