Единствена Македонија ќе ги пребројува граѓаните пред избирачките места

by fokus

Од партијата Единствена Македонија најавуваат дека утре за време на гласањето нивни активисти ќе бидат распоредени пред избирачките места и дека на посебни листови ќе ги бројат граѓаните кои ќе излезат да гласаат. Од таму потенцираат дека на листовите ќе ставаат само црти и дека нема нема да ги фотографираат гласачите.

„Кризниот штаб против референдумот ќе има 1.646 набљудувачи надвор пред избирачките места на законски определената одалеченост кои ќе ја бележат на соодветни листови со црти  само излезноста на гласачите без никакво фотографирање или снимање. Со овој број на набљудувачи се покриваат 2650 избирачки места земајќи во предвид дека во една зграда има повеќе избирачки места. Ова од причина бидејќи ДИК не дозволи 70-организации од Кризниот штаб (партии, невладини организации, патриотски   здруженија) да имаат свои набљудувачи внатре во просториите каде се гласа“, соопштија од партијата.

Поврзани новости