Камион се судри со „рено клио“ кај „Зубовска раскрсница“, повредено едно лице

by fokus

Поради  сообраќајна незгода, магитралниот пат А-4, „Зубовска раскрсница“ – Ново село – Струмица од 20 часот е во целосен прекин, соопшти АМСМ.

Според МВР во сообраќајката се судриле товарно моторно возило „Волво“ и автомобил „Рено Клио“, при што е повредено едно лице.

АМСМ претходно информира и дека е затворен за сообраќај патниот правец А-4, Свети Николе –  село Кадрифаково поради градежни работи.

Поврзани новости