Единаесетгодишно девојче хоспитализирано откако било прегазено од автомобил во Велес

by fokus

Единаесетгодишно девојче е хоспитализирано, откако било удрено од автомобил во текот на вчерашниот ден, пренесува МВР.

„На 17.02.2019 година околу 13.50 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, патничко возило „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.К.(33) од Велес, удрило во 11-годишно девојче од Велес. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во општата болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости