149
Албанскиот премиер Еди Рама повика Западен Балкан да стане „брза лента“ за иновации во Европа и ја нагласи потребата од развивање на соработката меѓу земјите во регионот и ЕУ, објави АТА.
Албанскиот премиер зборуваше на Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан што се одржува денес и утре во Тирана, а чија цел е зајакнување на економската соработка и промовирање на нови инвестициски можности меѓу земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора) и Европската Унија.