161
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ брутално ги измами и излажа граѓаните, ниту се горди, ниту имаат повеќе пари, ниту подобро живеат, оваа влада за година и пол донесе хаос и сиромаштија“, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа вечерва во Виница.
Филипче посочи дека најголемата измама им се случи на граѓаните на парламентарните избори лани.