518
Владејачката Социјалистичка партија во Албанија на чие чело се наоѓа актуелниот премиер Еди Рама е победник на парламентарните избори, покажуваат излезните анкети.
Според анкетите, партијата ќе освои меѓу 45 и 49 отсто од гласовите, а опозициската Демократска партија ќе има до 34 отсто освоени гласови.
Се проценува дека Социјалистичката партија би можела да освои над 71 од 140 места во парламентот, пишува Ројтерс.