Хан и Прибе во Скопје на средби за итните реформски приоритети

by Fokus

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан денеска ќе престојува во Македонија на разговори околу плановите за реформи на новата македонска Влада, како и да ја повтори поддршката на Европската унија за земјата да ги спроведе неопходните реформи за во иднина да стане членка на Унијата.

Предвидено е Хан да се сретне со претседателот на Владата, Зоран Заев. Ќе се одржи и средба на делегација на Владата предводена од премиерот Зоран Заев во чијшто состав ќе бидат и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров со делегација на Европската унија предводена од еврокомесарот Хан.

По средбите ќе се одржи тематска седница на Владата посеветена на итните реформски приоритети за евро-атланските интеграции на којашто ќе присуствува и еврокомесарот Хан.

Во Македонија веќе престојува и германскиот експерт, поранешен директор на Директоратот за проширување на ЕУ, Рајнхард Прибе, кој во наредните денови ќе има средби со владини претставници за Итните реформски приоритети, како и за акцискиот план на Владата за нивно спроведување.

Поврзани новости