456
Премиерот на Албанија, Еди Рама, преку својот твитер профил ги повика Албанците во Македонија да излезат и да гласаат на референдумот. Оние кои не гласаат, напиша тој, го загрозуваат животот на новите генерации.
„Силно се надевам дека секој Албанец од Македонија ја разбира тежината и одговорноста денеска, без оглед на било која политичка или партиска афилијација и да припаѓа. Денеска во Македонија се гласа за децата и оние кои не гласаат и се закануваат на нивната иднина“, напиша Рама.
Излезноста беше голема во дел од општините каде претежно живеат Албанци. До 18.30 часот најголема е во Сарај каде гласале 65 отсто од гласачите.