Еден загинат, тројца повредени и запалено возило на скопската обиколница

by fokus

Еден загинат и три повредени лица е билансот од денешната сообраќајна незгода на скопската обиколница. ТВ21 беше на местото на несреќата, и затекна засилено присуство на возила од првата помош, изгорено возило и многу полиција.

Несреќата се случила кога автомобилот „БМВ“ ја пречекорил брзината, и бил сопрен од полицијата. Во тој миг на него налетува камион, и го удира. Возачот на „БМВ“ починал на самото место, додека двајцата полицијци и возачот на камионот се повредени. Полицајците се наоѓаат во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Поврзани новости