Ѓоргиев: Бугарските колеги од Комисијата се однесуваат крајно непрофесионално и сакаат помош од политиката

by fokus

Професорот Ванчо Ѓоргиев, член на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања во денешеното гостување на 1ТВ рече дека се соочиле со скандал од страна на бугарските колеги.

-Во старт се соочивме со скандал. Станува збор за работен документ, предлогот од македонската страна за чествувањето на Гоце Делчев, кој се најде на сајт на една бугарска политичка партија. Крајно непрофесионален однос од колегите од другата страна, штом работните документи се изнесуваат надвор од комисијата. Овде не станува збор за незнење, туку е ова тенденциозно однесување, со цел да се побара помош од политиката, вели Ѓоргиев.

Поврзани новости