693
Едно лице загина и тројца се повредени во сообраќајката што се случи попладнево во близина на Охрид. Тројцата повредени патници се пренесени во Специјализираната болница Св. Еразмо .
Несреќата се случи на магистралниот патен правец од Охрид кон Кичево, во близина на црквата „Свети Еразмо“, а интервенирале и охридските пожарникари.
Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно товарно. Причините за настанувањето на незгодата ќе ги утврди увидот што е во тек.
Сообраќајот на тој патен правец се одвива по алтернативна насока, преку стариот пат од Охрид кон Струга.