Еден убиен при пукање во Белград

by lali

Во центарот на Белград синоќа било извршено убиство на 28-годишниот Стефан Т., соопшти полицијата. Напаѓачот кој го извршил убиството возел скутер.

До убиството дошло во белградската населба Вождовац, каде напаѓачот испукал неколку куршуми кон Стефан, кој бил на местото на совозач во паркиран автомобил.

Според првичните информации, возачот на автомобилот, 25-годишниот Ѓорѓе С. се обидел со автомобил да го превезе повредениот, но на пат кон Ургентниот центар доживеал сообраќајна несреќа, во која се здобил со повреди на главата.

Како што укажуваат првите оперативни податоци, мотивот за убиството е трговија со наркотици. Интензивно се работи на идентификација и апсење.

Поврзани новости