Еден осомничен од „Рекет“ побарал да се спогоди со Обвинителството

by fokus

Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека еден од осомничените во случајот „Рекет“ побарал спогодба со Обвинителството.

-Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осмничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. Еден осомничен побара спогодба за обвинението кое ќе биде поднесено утре, рече Русковска.

Таа додаде дека за сите осомничени во „Рекет“ ќе се бара продолжување на мерката притвор.

 

 

 

Поврзани новости