Еден од обвинетите во Диво Насеље кој доби ослободителна пресуда беше гонет за тероризам

by Fokus

Четворица од обвинетите од 37-те обвинети во случајот Диво Насеље денеска според одлуката на Кривичниот суд добија ослободителна пресуда.

Еден од нив Бесник Ајдини беше осуден за обвинет за тероризам, со што му се закануваше казна доживотен затвор, а останатите тројца на товар имаа полесно кривично дело, односно беа обвинети за логистика. Судот допрва треба да се произнесе дали овие четворица ќе излезат на слобода, бидејќи Ајдини повеќе од две години е во притвор, а останатите тројца се во куќен притвор.

Адвокатите очекуваат судот експресно да ги пушти на слобода, а според нивните коментари тоа требаше да се случи и денеска, но во судница воопшто не стана збор за мерката притвор бидејќи во тој случај ќе мораше сите обвинети да влезат внатре, а кои претходно без избркани по налог на судијката.

Доколку и Апелациониот суд ги потврди оослободителите пресуди за овие четворица, тоа значи дека тие ќе имаат право на паричен надомест за времето што го поминале во притвор.

Според досегашната судска пракса, во вакви случаи судот носи одлука оштетените да добијат по најмногу 3.000 денари за секој ден што го поминале зад решетки.

В.В.

Поврзани новости