Рауфи: Не очекував вакви драконски казни за Диво Насеље, целото сценарио е на тајните служби

by Fokus

Адвокатот Насер Рауфи во по изрекувањето на пресудата за обвинетите во Диво Насеље изјави дека не очекувал обвинетите да добијат толку високи казни.

– Не очекував благи казни, но ниту пак вакви драконски казни. Сепак, знаевме дека станува збор за монтиран кривичен  предмет и за обвинителство, кое се уште не е реформирано. Затоа ќе бараме независна истрага, која веќе и се најавува. И, понатаму стојам на миселњето и тврдам дека целото сценарио е на тајните служби – рече Рауфи.

Како што веќе објавивме, денеска во Врховниот суд беше соопштена првостепената пресуда за случајот Диво Насеље со која седумина беа осудени на доживотен затвор, 13 на 40 години затвор, а четворица добија ослободителни пресуди.

На казна затвор од 20 години пак се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.

В.В.

Поврзани новости