496
Советот на Општина Струмица денеска едногласно одлучи еден милион денари од оштинскиот буџет да бидат доделени на настраданите од поплавите.
Покрај тоа, општината ќе испрати луѓе и механизација на загрозените подрачја кои ќе учествуваат во чистењето на улиците и запушените канализациони и водоводни цевки.
Во моментов, Градоначалникот Зоран Заев е со настраданите во поплавените подрачја заедно со испратената помош од Општината.
Тој прво ќе ја посети населбата Методија Андонов Ченто во Скопје, а потоа и жителите од Стајковци.