Еден милион денари донација од АВМУ за заштитна опрема за полициските службеници

by fokus

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев потпиша договор за донација во висина од еден милион денари со првиот човек на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски.

Со договорот, што беше потпишан вчера, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му донира на Министерството за внатрешни работи еден милион денари, кои ќе бидат искористени за набавка на средства и опрема за извршување на активностите на Министерството за превенција, спречување и ширење на корона вирусот.

– Oвој чин на донација од еден милион денари што Министерството ја добива од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во насока на натамошно обезбедување разни заштитни средства за потребите на полициските и други службеници на Министерството е еден одличен пример за меѓусебна поддршка и помагање во реализирањето на заедничките цели за заштита на нашите граѓани и на нашето општество, се вели во соопштението од МВР.

За Министерството за внатрешни работи е значаен овој потег на Агенцијата, не толку заради фактот што, како што велат оттаму, добиваме одредена финасиска поддршка, туку многу повеќе заради фактот што се почитува и вреднува улогата и досегашните напори на полицијата во справувањето со епидемијата. МИА

Поврзани новости