Еден мигрант почина, шестмина се повредени откако возачот им рекол да скокаат поради полиција

by fokus

27-годишен мигрант од Бангладеш е пронајден мртов од полициски службеници, а шестмина мигранти повредени откако возачот кој ги превезувал им наредил да скокаат од возилото затоа што пред нив имало полиција. Освен починатиот С.И. уште 14 мигранти се најдени покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска река.

„По кажување на мигрантите, тие биле истоварени од возачот на возилото, со кое биле превезувани, кој им рекол дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција. Притоа се здобиле со повреди, а едно лице починало. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово, и известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција. Повредените се пренесени во болниците во Гевгелија и Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Поврзани новости