513
Во текот на викендот, со новите олабавувања на мерките во Грција и укинување на сите ограничувања за вакцинираните во баровите и ноќните клубови, 8.200 полицајци спровеле 200.000 контроли во целата земја и бил регистриран 561 прекршок, соопшти портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Иконому додаде дека контролите на полицијата и на вклучените 8.200 полицајци ќе продолжат секојдневно.
Согласно новите одлуки на грчката Влада што стапија во сила во саботата, како што веќе објави МИА, баровите, ноќните клубови, дискотеките итн, во кои влезот е дозволен само за вакцинирани и лица кои прележале Ковид-19, работат регуларно и повеќе нема никакви ограничувања.